Ѓоковиќ и Надал победија во два сета, но добро се препотија

Новак Ѓоковиќ беше подобар од Кевин Андерсон со 7-6, 7-6, додека Рафаел Надал го победи Николз Басилашвили со 6-3, 7-5, во дуели од групата фаза во АТП купот кој се одржува во Австралија. Србија сега води со 2-0 против Јужна Африка, а водство од 2-0 има и Шпанија против Грузија.

На Ѓоковиќ му требаа 2 часа и 19 минути за да го совлада Андерсон. Во двата сета се водеше голема борба, а и во двата сета во тај-брејкот подобар беше светскиот рекет број 2. Во вториот сет, Новак спаси и една сет-топка на противникот. Надал требаше порано да ја заврши работата, во вториот сет водеше со 5-2, но Грузиецот дојде до 5-5. Сепак, прворангираниот тенисер на АТП листата не дозволи да се игра и трети сет.

Изненадување приреди Хрватот Борна Ќориќ кој го совлада Доминик Тим, па Хрватска ја совлада Австрија.

Ова ново тениско натпреварување се игра во Перт, Сиднеј и Бризбејн, и претставува прв тест за формата во годината и како генерална проба пред првиот гренд-слем, Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн. Има шест групи и победниците одат во четвртфинале, заедно со двете најдоблри второпласирани.

- Оглас -

Најнови вести