Ѓоковиќ и Тим победија со по 3:0 и си закажаа дуел во полуфиналето

Новак Ѓоковиќ ќе игра против Доминик Тим во полуфиналето на Ролан Гарос. Двајцата тенисери без поголеми проблеми победија денеска со по 3:0. Србинот не му даде шанса на Александр Зверев од Германија (7:5, 6:2, 6:2), додека Тим со 6:2, 6:4, 6:2 се радуваше во дуелот со Карен Хачанов.

Првиот светски рекет Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека е во одлична форма, па до полуфиналето стигнува без ниту еден загубен сет. Зверев одлично го започна мечот, имаше водство од 5:4 во првиот сет и сервираше за предност од 1:0 во сетови, но тогаш популарниот Ноле го покажа целиот свој квалитет. Нјапрво направи ри-брејк, а потоа ги доби и следните два гема. Во продолжение на дуелот, Зверев не можеше да го следи ритамот на Ѓоковиќ, па мечот заврши за малку повеќе од два часа.

Работата во три сета, но 20-тина минути побрзо ја заврши Тим, кој досега се покажа како незгоден ривал на Србинот. Затоа полуфиналето на Ролан Гарос може да биде многу интересно и неизвесно. Од претходно, во второто полуфинале место си обезбедија Рафаел Надал и Роџер Федерер.

 

- Оглас -

Најнови вести