Ѓоковиќ има концепт за титула во Њујорк, им дава еден сет фора на ривалите, па ги декласира

Новак Ѓоковиќ продолжи во ист стил во Њујорк и повторно го загуби првиот сет и потоа победи за пласман во полуфиналето и дерби-меч со олимпискиот првак Александер Зверев.

Српскиот тенисер го победи Матео Беретини со 5:7, 6:2, 6:2, 6:3 и по четврти пат во петтиот меч на Отвореното првенство на САД имаше негатива од 0:1, но сепак лесно победи.

Сега на ред е големото дерби против ривал што му го уништи сонот за златен медал на олимписките игри во јули годинава во Токио.

Зверев тогаш го победи Ѓоковиќ со 2:1 во полуфиналето и го исфрли од колосек, па потоа Србинот го загуби мечот за бронза и остана без медал.

Сега мисијата му е да го освои пехарот во Њујорк и да стане првиот тенисер по 52 години што победил на сите четири гренслем-турнири во иста сезона.

Втората цел, секако идентично важна, му е да стигне до 21-виот гренслем-трофеј, со што ќе биде број еден на вечната листа, пред Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои имаат по 20 гренслем пехари.

Во второто полуфинале ќе играат Данил Медведев и Ожер-Алијасим.

 

- Оглас -

Најнови вести