Ѓоковиќ: Јас ја провоцирав публиката? Да не беше обратно? (Видео)

Новак Ѓоковиќ вечерва на Мастерсот во Париз игра четвртфинале против Холгер Руне, од кого лани го загуби финалето и веројатно повторно ќе ја има публиката против себе, како што беше и синоќа, кога играше со Талон Грикспур.

Во неколку наврати, публиката го деконцентрираше Новак и наместо да молчи како што треба, беше гласна додека тој се подготвуваше да сервира. Србинот се лутеше, па ги пцуеше гледачите, а на моменти ги повикуваше и погласно да навиваат против него.

https://twitter.com/i/status/1720205784531812354

„Мислите дека јас ја провоцирав публиката, а не тие мене? Воопшто не се согласувам. Не направив ништо за да реагираат така. Париската публика е специјална, но ОК, немам проблем со тоа, навикнат сум. Тоа што го правеа беше непочитување кон двајцата тенисери“, рече Ѓоковиќ, кој во лутина ги „честеше“ гледачите со една од најпознатите српски пцовки.

https://twitter.com/i/status/1720192156919349727

- Оглас -

Најнови вести