Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го одржал својот прв тренинг по операцијата на менискусот, која ја изврши по повредата на Ролан Гарос. Според сите изгледи, тој ќе учествува на Вимблдон, кој започнува на 1 јули.
Тенискиот новинар Крег Шапиро откри дека има сознанија како Ѓоковиќ интензивно се подготвува за настап на гренслем турнирот во Лондон.
Ѓоковиќ предвреме мораше да го заврши учеството на Ролан Гарос поради повреда, а потоа веднаш замина на операција на коленото. Иако првично се шпекулираше дека ќе го пропушти Вимблдон за да се подготви за Олимписките игри, сепак, најверојатно ќе се обиде да настапи на двата турнири.