Ѓоковиќ минимум уште два месеци не мрда од тронот, а може да се „зацементира“ на врвот до средината на следната година

Новак Ѓоковиќ не играше на АТП-турнирот во Синсинати, но и покрај тоа, ја задржа лидерската позиција на најдобрата тениска листа во светот. За Србинот ова е 335-та недела како лидер на АТП листата и според бодовите кои ги има пред конкурентите, никој нема да може да го турне Ноле од врвот најмалку до 11 октомври.

Србинот има 11.113 бодови, што е за 1.113 повеќе во однос на Данил Медведев, додека третото место е резервирано за Стефанос Циципас со 8.350 бодови. Освојувачот на турнирот во Синсинати, Александер Зверев, има само 110 поени помалку од Циципас и е на четвртото место на АТП-листата.

Во еден ваков однос на бодовите, сигурно е дека Ѓоковиќ ќе стигне до 341-вата недела како светски лидер во тенисот. Следниот голем турнир е гренслем-турнирот во Њујорк, популарното Отворено првенство на САД. Новак на овој турнир ќе се обиде да го комплетира „покерот“ и во една сезона да ги освои сите четири гренслем-турнири.

 

- Оглас -

Најнови вести