Ѓоковиќ му стана опсесија на Алкарас: И јас сакам да освојам 24 гранслем-титули

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ги откри целите на годинава и повторно пред медиумите не ја сокри опсесијата со Новак Ѓоковиќ.

Шпанецот е свесен дека годинава главни конкуренти за трофеите ќе му бидат Ѓоковиќ и Јаник Синер, кој триумфираше на Отвореното првенство на Австралија и прв приоритет за 2024 година му се Олимписките игри во Париз.

„На прво место за 2024 година ми е олимпиското злато. Тоа отсекогаш ми било сон, да освојам медал за мојата земја. Мислам дека тоа е желба на секој спортист и јас не сум исклучок“, вели Алкарас, кој потоа зборуваше и за Новак Ѓоковиќ.

„Да бидеме реални, Ѓоковиќ го сметам за најголем ривал. Секој тенисер сака да го победи Новак. Покрај него, тука е и Синер, кој се наоѓа во одлична форма. Нормално, во кариерата сакам да освојам гранслем-титули како Новак, тоа се 24. Е, сега дали ќе успеам или не, ќе покаже времето“.

- Оглас -

Најнови вести