Ѓоковиќ најави дека е подготовен: Имав доволно време за одмор

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ речиси еден месец одмораше. По завршувањето на Летните олимписки игри, Ѓоковиќ реши да ги пропушти Мастерс турнирите што се одиграа само за да биде добро подготвен за последниот гренслем-турнир годинава, Отвореното првенство на САД. Популарниот Ноле вели дека е подготовен за новите предизвици.

„Имав многу време за одмор. Поминаа три и пол недели од мојот последен меч. Имав одлично лето, но многу се исцрпив. Сепак, не се жалам. Имав најдобра сезона што се однесува до гренслем-турнирите и се надевам дека сега ќе стигне круната на сезоната“, рече Ѓоковиќ.

Отвореното првенство на САД ќе започне на 30 август и ќе трае до 12 септември. Србинот е главен фаворит за титулата на турнирот на кој нема да учествуваат Рафаел Надал, Роџер Федерер и ланскиот освојувач Доминик Тим.

Оваа сезона Ѓоковиќ триумфираше на Отвореното првенство наАвстралија, на Ролан Гарос и на Вимблдон, но имаше разочарувачки настап на Олимписките игри во Токио, каде што не успеа да освои медал.

 

- Оглас -

Најнови вести