Ѓоковиќ најави дека има само уште две цели во кариерата

Новак Ѓоковиќ синоќа стигна до 16-тиот гренд слем турнир во кариерата. Србинот повторно го покори Вимблдон и по петти пат во кариерата го крена трофејот на неофицијалното светско тениско првенство. Во анталогиското финале, Ѓоковиќ по повеќе од пет часа игра го победи Роџер Федерер.

Сега Ѓоковиќ е на два гренд слем трофеи од Рафаел Надал, додека рекордерот Федерер во своите витрини има 18 пехари од највредните турнири во светот. Србинот вели дека до крајот на кариерата има две цели кои сака да ги оствари.
„Во овој период од кариерата, приоритет е освојувањето на гренд слем турнирите. Втората голема цел ми е да го срушам рекордот по бројот на поминати недели на првото место на АТП-листата“, вели Ѓоковиќ.

Популарниот Ноле влезе во 261-та недела како број 1 на АТП-листата. Пред него засега се само уште Џими Конорс, кој бил 268 недели лидер на АТП-листата, Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Роџер Федерер со рекордни 310 недели како лидер на АТП-листата.

Доколку продолжи со добрите игри и со евентуална нова гренд слем титула на Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ може да го достигне рекордот на Федерер.

- Оглас -

Најнови вести