Ѓоковиќ не го дава врвот на АТП-листата, Тим го скокна Федерер

Новак Ѓоковиќ го брани врвот на АТП-листата со титули на турнирите и по трофејот што го освои на турнирот во Дубаи, ја мина границата од 10 илјади поени и ја зголеми предноста пред Рафаел Надал.

Голема промена во Топ-3 е пробивот на Доминик Тим зад водечкото дуо, а Роџер Федерер падна на четвртата позиција.

Ѓоковиќ го предводи тенискиот карван со 10.220 поени, пред Надал со 9.850 и Тим со 7.045. Федерер сега е зад нив со 6.630 поени, а Топ-5 го заокружува Данил Медведев со 5.890 поени.

Од македонските тенисери, најдоброрангиран е Горазд Србљак на 1.072-рото место со 8 поени. Зад него е Томислав Јотовски со пет поени на 1.221-вата позиција.

Кај дамите нема промени во Топ-5 и Ешли Барти е убедлива на врвот на ВТА-листата, пред Симона Халеп, Каролина Плишкова, Бјанка Андрееску и Софија Кенин.

Значајна промена е падот на Серена Вилијамс од осмата на деветтата позиција, а најтрофејната активна тенисерка ја скокна Белинда Бенчиќ.

Лина Ѓорческа  е единствената македонска тенисерка што е рангирана на ВТА-листата и бележи пад од три места, па сега со 138 поени е на 344-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести