Ѓоковиќ не го откажал учеството на АТП Купот, а се подготвува и за гренслемот каде што ќе брка историја

Иако пред неколку дена се појавија информации дека Новак Ѓоковиќ нема да настапи на АТП Купот, кој ќе стартува наредната недела во Сиднеј, тие информации не се точни.

Неговиот ПР тим ѝ соопштил на Австралиската тениска федерација дека уште нема одлука за негово дефинитивно откажување.

„Нема официјални повлекувања од националниот тим на Србија“, изјави портпаролот на Австралиската тениска федерација.

Новак веќе на големо се подготвува и за настап на првиот гренслем во годината, а тоа е Отвореното првенство на Австралија, каде што ќe ја брка рекордната 21-ва титула.

Сè уште не е познато дали тој ќе се појави бидејќи властите во Викторија донесоа закон кој вели дека од први јануари сите што ќе настапат, мора да имаат примено вакцина против ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести