Ѓоковиќ не игра, Србија доживеа дебакл во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Србија доживеа вистински дебакл во Дејвис купот и загуби со максимални 4-0 од Словачка. Поразот веројатно е очекуван, бидејќи србите во Краљево играа без најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, но веројатно не беше очекувано поразот да биде толку висок и убедлив.

Порази во поединечна конкуренција доживеаја Кецмановиќ и Лајовиќ, додека двајцата беа поразени и во двојки. Србите на трите меча освоија само еден сет, а последните два меча кои немаа никакво резултатско значење, беа предадени од страна на српските тенисери.

Ѓоковиќ во моментов се наоѓа во Шпанија, на одмор со своето семејство, а оваа информација со медиумите ја сподели селекторот на Србија, Виктор Троицки.

- Оглас -

Најнови вести