Ѓоковиќ не се плаши од корона во друштво на српската Ким Кардашјан

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, во Лос Анџелес реши да го гледа натпреварот од НБА-лигата помеѓу Клиперс и Лејкерс и таму го „нападнаа“ навивачи и секс-бомби кои бараа да се фотографираат со него.

По откажувањето на турнирот во Индијан Велс, популарниот Ноле има слободно време и сакаше да гледа градско дерби од најсилната кошаркарска лига на светот. Во салата имаше многу познати фаци, меѓу нив и Данијела Рајиќ, сопругата на кошаркарот Пол Џорџ.

Данијела, која е поранешна го-го танчерка, е позната по прекарот српската Ким Кардашјан. Таа и неколку нејзини пријателки не ја пропуштија шансата да се сликаат со „земјакот“ на Данијела. Не беше никаков проблем што Данијела навива за Клиперс, клубот за кој игра маж ѝ, со кого има две деца, а Ѓоковиќ е за Лејкерс бидејќи таму играше Коби Брајант.

 

- Оглас -

Најнови вести