Ѓоковиќ сакаше, а не смееше да игра, додека Циципас бил принуден повреден да игра

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас откри дека буквално како да бил натеран да игра на Мастерсот во Индијан Велс, каде што загуби во првото коло. Циципас беше повреден, но играше и загуби од Џордан Томпсон на стартот на турнирот во Калифорнија, а сега објасни зошто се појавил на тој дуел.

„Постои правило во АТП кое вели дека ако не играте на Мастерс, постојат одредени казни, како што е одземање бодови од мастерсите на кои сте имале најдобар резултат во претходната година. Тоа е прилично лошо. Не можев да се повлечам, морав да играм. Покрај тоа, се добива и казна. Фрустрација е тоа дека покрај повредата, мора да се размислува и за тоа. АТП дефинитивно мора да размисли за тие правила и да седне со тенисерите и да смисли нешто логично. Мислам дека не е убаво играчите да играат повредени“, рече Циципас, кој вечерва ќе игра во осминафиналето од Мастерсот во Мајами против Карен Качанов.

- Оглас -

Најнови вести