Ѓоковиќ не знае за пораз од Раониќ, го освои првиот пост-корона трофеј

Новак Ѓоковиќ го освои АТП Мастерс турнирот во Синсинати по триумфот од 2-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-4) над Милош Раониќ. Првиот светски рекет го освои првиот пехар по пандемијата со корона-вирусот и најави дека ќе има успешно издание на претстојното ОП на САД.

Канаѓанецот не успеа да ја прекине низата од 10 порази (сега 11) на исто толку средби против Ѓоковиќ, иако тргна фуриозно во финалето освојувајќи го првиот сет со 6-1.

За Србинот клучен беше првиот брејк на мечот остврен дури на средина од вториот сет, за во решавачкиот сет да му одземе уште два сервиси на Раониќ и да ја искористи првата меч-топка.

- Оглас -

Најнови вести