Ѓоковиќ објасни што му се случи денеска

Новак Ѓоковиќ очекуваше да освои два златни медали на ЛОИ во Токио, а само за неколку часа остана без ниту едно златно одличје. Србинот најпрво загуби во полуфиналето во поединечна конкуренција од Александер Зверев, а потоа беше поразен и во конкуренција на мешани двојки. Сега на Ѓоковиќ му останува да се бори за два бронзени медали.

„Ужасно. Ужасно се чувствувам“, кратко рече Ѓоковиќ по поразот во двојки.

Првичната цел на Ѓоковиќ беше да стигне до финалето во поединечна конкуренција, против Зверев имаше водство од 1:0 во сетови и 3:2 во гејмови, но потоа се случи пресврт.

„Тоа е спортот. Александер играше подобро. Мора да му се даде признание за пресвртот. Сервираше екстремно добро и немав многу шанси на неговиот втор сервис, додека мојот сервис драстично ослабе. откако поведов со 3:2 во вториот сет веќе престанав да освојувам лесни поени. Мислам дека ми зема осум гејма по ред. Тоа е што да се прави? Тука дојдов исклучително исцрпен, но бев многу мотивиран и секако мојата желба беше да донесам медал за мојата земја“, рече Ѓоковиќ по еден од неговите најлоши денови во тениската кариера.

- Оглас -

Најнови вести