Ѓоковиќ одлучи дали ќе го игра мечот против Раониќ! (Фото)

По победата во третото коло на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ ги загрижи сите свои фанови, откако најави дека е можно воопшто да не се појави на теренот во следното коло и тоа поради повреда на мускулот на стомакот. Светскиот рекет број 1 не тренираше два дена, но утрово се појави во тенискиот комплекс во Мелбурн и по разговори со лекарските тимови на турнирот, но и во консултација со својот тим, реши дека е подготвен да игра на мечот против Милош Раониќ.

https://twitter.com/i/status/1360828007598985216

Според снимките од салата за вежбање, Ѓоковиќ делува многу расположено и најверојатно е подготвен да го даде најдоброто од себе.

По завршување на вежбите во сала, популарниот Ноле излезе и на терен и вежбаше сервис, по што стана јасно дека ќе игра против Раониќ.

Ѓоковиќ и Раониќ досега во кариерата одиграле 11 меча меѓусебе и во сите 11 дуели Србинот победувал, што значи дека нема да има дилема околу победникот, ако Новак е физички и здравствено добро подготвен. Овој дуел треба да започне околу 10:30 часот.

Во досега одиграните два меча од осминафиналето, се случи едно големо изненадување откако третиот носител Доминик Тим со 0:3 во сетови (4:6, 4:6, 0:6) загуби од Бугаринот Григор Димитров. Во следната фаза се најде и русинот Карашев кој со 3:2 во сетови беше подобар од Агер-Алиасим од Канада.

 

- Оглас -

Најнови вести