Ѓоковиќ откажа настап во финалето на Дејвис купот

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, најави дека нема да игра за репрезентацијата на Србија во премиерното издание на финалето на Дејвис купот. Тениското национално натпреварување кое постои дури 120 години, доживеа реконструкција, па од 18-ти до 24-ти ноември во Мадрид ќе играат 18 репрезентации на седумдневен турнир и ќе се борат за трофејот.

Србија ќе биде дел од завршницата и е во група со Франција и Јапонија, но на овие мечеви ќе биде без Новак Ѓоковиќ во составот.

„Нема да играм во Дејвис купот за репрезентацијата. Секогаш размислувам за репрезентацијата на Србија, а како што знаете, АТП организацијата, каде што припаѓаме како професионални тенисери, ќе организира АТП куп. Таму сигурно ќе настапам како дел од репрезентацијата на Србија“, објасни Ѓоковиќ.

Србинот сакаше да има промени во Дејвис купот, но не на овој начин на којшто беа донесени реформите. Дејвис купот сега е во сопственост на фирмата со која раководи фудбалерот на Барселона, Жарарт Пике.

- Оглас -

Најнови вести