Ѓоковиќ снима филм за тоа како закрепнал по повредата во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми со 3:0 во сетови го победи Аслан Карацев и се пласира во финалето на Отвореното првенство на Австралија. Ѓоковиќ е актуелен освојувач на трофејот во Мелбурн и сега ќе се обиде да стигне до деветата титула на првиот грендслем во сезоната.

Пласманот на популарниот Ноле во финалето и не е големо изненадување, но сепак беше драматично кога Србинот на почетокот на турнирот се пожали на повреда на стомакот. Ѓоковиќ во еден од мечевите за малку дури и ќе се откажеше, но реши да продолжи, го доби тој дуел и сега стигна до финалето.

По победата над Карацев, Ѓоковиќ откри дека планира да сними документарен филм за тоа што му се случувало за време на овој турнир и да открие како успеал да закрепне за да стигне до финалето.

„Снимам документарец и до крајот на годината ќе може на ТВ-екраните да видите сè што ми се случуваше во текот на овој турнир. Во последните неколку месеци ги забележувам поголем дел од работите кои ми се случуваат и сето тоа ќе може да го видите на документарен филм“, откри Ѓоковиќ.

Србинот во финалето го очекува подобриот од дуелот Данил Медведев и Стефанос Циципас.

 

- Оглас -

Најнови вести