Ѓоковиќ по Вимблдон ќе одлучи дали ќе настапи на Олимписките игри

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, би можело да ја претставува Србија на олимпискиот турнир во Токио следната година, но конечната одлука дали ќе игра, ќе ја донесе по завршувањето на гренд-слемот Вимблдон.

„Федерер не настапи во Рио. Нашата сезона е предолга и преполна со турнири. Ќе мора да бидам здрав, а настапот во Токио ќе зависи и од резултатите на Вимблдон, распоредот и семејните обврски“, порача Новак, кој триумфираше на турнирот во Токио, а сега е во Шангај и утре рано наутро игра со Шаповалов.

Ѓоковиќ играше на Олимписките игри во Пекинг 2008 година, но беше повреден и не беше во форма, па испадна порано од очекувањата. Затоа, сака в година да освои златен олимписки медал.

„Би сакал да стигнам до финалето, да се борам за златниот медал. Убаво е чувството да се претставува својата земја на таков историски значаен настан“, додаде Србинот по победата на истиот терен на кој во 2020 ќе се игра олимпискиот турнир.

- Оглас -

Најнови вести