Ѓоковиќ потврди дека ќе атакува на трофејот кој му фали во кариерата

Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од Олимписките игри во Токио, потври најдобриот тенисер во светот. Србинот реши дека е дојдено време да атакува на трофејот кој никогаш во кариерата го нема освоено, а тоа е златото од ЛОИ. Популарниот Ноле има само една бронза од Игрите во Пекинг во 2008 година, а сега е прв фаворит за златото.

„Потврдувам дека ќе патувам во Токио и горд сум што се приклучувам на српскиот тим на Олимпијадата. Со гордост се пакувам за во Токио и ќе ѝ се придружам на нашата репрезентација во бората за најсјајните одличја на Олимписките борилишта. За мене секогаш била посебна радост да играм за Србија и ќе дадам сè од себе за да ги израдувам навивачите. Одиме!“, порача Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ оваа година е доминантен во светски рамки. Триумфираше на Отвореното првенство на Австралија, Ролан Гарос и Вимблдон и сега атакува да ги комплетира сите четири грендслем-турнири во една календарска година. Тенискиот турнир на ЛОИ во Токио ќе започне на 24 јули, а најголемите ривали на Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер го откажаа учеството.

- Оглас -

Најнови вести