Ѓоковиќ против Медведев, кој и да победи, ќе се испише историја

Машкото финале на тенискиот грен-слем турнир Австралијан опен, кое почнува во 9.30 часот, треба да покаже дали се ќе си остане по старо или новиот бран ќе почне да ја прекинува доминацијата на тројцата искусни тенисери.

Има многу занимливости пред дуелот на Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев. Во Sport Life, квотата за победа на Србинот е минимално помала од таа за триумф на Србинот, а можете да типувате и на број на гејмови, асови, каков ќе биде исходот во првиот сет, во вториот сет, итн.

Победникот ќе освои 2,1 милион американски долари, а поразениот околу 1,2 милиони. Медведев веќе си обезбеди искачување на третата позиција на АТП листата од утре, но ако слави во финалето, ќе го прескокне Рафаел Надал и ќе стане втор. Така, Медведев може да биде првиот по Лејтон Хјуит од 18 јули 2005 наваму, што бил втор на ранг-листата, а да не е Ѓоковиќ, Федерер или Надал.

Бројот 3 е важен за Медо и затоа што може да стане третиот Русин со грен-слем титула, а Ѓоковиќ може трета година по ред да ја освои титулата во Австралија и да го повтори успехот од 2011, 2012 и 2013, кога истотака три години по ред славеше во Мелбурн.

Во меѓусебните дуели, резултатот е 4-3 за Ѓоковиќ, на грен-слемите е 1-0 за Србинот кој победи на Австралијан опен во 2019, а Медведев победи во нивниот последен двобој на АТП финалето на крајот на 2020 година.

За Новак, деветтата титула во деветто финале би го подобрила рекордот во Австралија, а ако победи, ќе има 18 грен-слем титули, две помалку од Федерер и Надал кои се на делба на првото место. Се најавува голема и долга борба, љубителите на тенисот одвај чекаат спектаклот да почне.

- Оглас -

Најнови вести