Ѓоковиќ првпат загуби сет, но оди понатаму

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон со победата над Хубер Хуркач со 3-1 во сетови (7-5, 6-7, 6-1, 6-4). Најдобриот тенисер во моментов за првпат беше предизвикан на Гренд слемот кој се одржува во Лондон, по што конечно загуби сет по двете беспрекорни победи.

Еден брејк на Србинот за 6-5 му донесе водвство по првиот сет, а Полјакот возврати откако го доби тајбрејкот и изедначи на 1-1. Тоа го налути Ѓоковиќ, па експресно ја врати предноста откако загуби само еден гем во третиот сет. Новак ги реши сите дилеми откако со нов фуриозен напад дојде до 5-3, па на негов сервис успеа да ја осигура победата.

Фернандо Вердаско исто така се пласираше во следното коло по победата од 3-0 во сетови над Томас Фабијано, додека Гофан го доби маратонот против Медведев по пет сета.

Во женска конкуренција победи запишаа Симона Халеп со 2-0 против Викторија Азаренка, додека Метра Мартиќ ја елиминираше Колинс со 2-1 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести