Ѓоковиќ пушти срце: Донира милион евра на Србија

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ заедно со својата сопруга Јелена преку својата фондација ѝ донираа еден милион евра на Србија. Ѓоковиќ се приклучи во битката против Коронавирусот, неговите средства ќе се искористат да се купат респиратори и медицинска опрема, која ќе биде поделена во српските болници.

„Прво сакам да се заблагодарам и да го поздравам медицинскиот персонал кој со месеци ја води оваа битка. Наидовме на непредвидлива и сериозна ситуација која се менува од ден за ден. За жал, бројот на заразени расте, затоа јас и мојата сопруга Јелена преку фондацијата одлучивме да донираме сума која се надеваме дека ќе направи разлика во оваа тешка борба“, истакна Ѓоковиќ за српските медиуми.

Претходно и Роџер Федерер се вклучи во слична акција и ѝ донираше еден милион швајцарски франци на својата земја.

- Оглас -

Најнови вести