Ѓоковиќ се огласи околу повредата: Се надевам дека ќе играм во Токио

Новак Ѓоковиќ преку својот профил на „Твитер“ за првпат се огласи по откажувањето на Отвореното првенство на САД. Првиот светски рекет го предаде четвртфиналниот дуел против Ваврика на последниот Гренд слем за оваа сезона и остана без шанса да го брани трофејот и бодовите на АТП-листата.

Потоа Ѓоковиќ помина извесно време во научниот центар „Никола Тесла“ на Лонг Ајленд, каде што се рехабилитираше од повредата на левото рамо.

„Се извинувам што ве држев во неизвесност. Изминатиов период се посветив на моето семејство и рехабилитацијата со цел да бидам подготвен за турнирот во Токио. Моето здравје секогаш ми е приоритет и ќе се вратам на теренит штом целосно закрепнам“, напиша Ѓоковиќ на познатата социјална мрежа.

АТП-турнирот во Токио стартува на 30 септември и ќе се игра до 6 октомври. Актуелен шампион во машка конкуренција е Данил Медведев, финалистот од ОП на САД, кој лани го совлада домаќинот Кеј Нишикори по два сета со 6-2, 6-4.

- Оглас -

Најнови вести