Ѓоковиќ си закажа осминафинале со Шпанец кој има руски родители

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, без поголеми проблеми се најде во осминфиналето на олимпискиот турнир во Токио. Тој во 16-финалето беше подобар од Германецот Јан Ленард Штруф (48-ми на АТП листата) со 6-4, 6-3.

Ѓоковиќ во првиот сет направи брејк во десеттиот гејм, а вториот сет почна поинтересно бидејќи двајцата правеа брејкови, но потоа го стабилизираа сервисот и големиот фаворит го доби сетот со 6-3.

Следен противник на Ѓоковиќ е Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина.

- Оглас -

Најнови вести