Ѓоковиќ го слави 33-тиот роденден, Србите најдоа 33 причини зошто тој е најдобар на светот

На Новак Ѓоковиќ, кој денеска полни 33 години, не му е првпат својот роденден да го прослави како водечки тенисер на светската ранг-листа, но сега со 17 гренд-слем титули зад себе и без знаци на пад и тој е во редот на кандидатите за најдобар на сите времиња. Новак годинава не знае за пораз, па некои од српските медиуми направија листа од 33 причини поради кои, според нив, Ноле е најдобар во историјата.

Еве дел од податоците кои го прават посебен моментно најдобриот тенисер на светот: Тој е единствен во ерата н отворените првенства (во последните 52 години) со четири гренд-слем титули по ред на три различни подлоги, има позитивен скор во меѓусебните дуели со Федерер и Надал, имаше 43 победи по ред и шест месеци не знаеше за пораз, шест пати го победил Надал на земјена подлога без да загуби сет, рекордер е по број на титули на Отвореното првенство на Австралијан со осум трофеи, ги освоил сите Мастерс турнири, трипати го совладал Федерер со одбранета меч-топка, во 2011 постави рекорд од 13 добиени сетови со 6-0, рекордер е по бројот на поени на АТП, дури 15 пати победил кога противниците имале меч-топка, прв е со заработка од над 100 милиони долари само од турнири, во 2015 против Жил Симон доби меч на кој имаше 100 неизнудени грешки, победува и кога сите на трибините навиваат против него, итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести