Ѓоковиќ со потег за памтење, ова го прават само големите шампиони (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето од Гренд слем турнирот во Париз откако со 3:0 во сетови го победи Аелксандр Зверев. До пласманот меѓу четворицата најдобри, Србинот не загуби ниту еден сет на Ролан Гарос.

Германскиот тенисер беше блиску да го добие првиот сет, водеше со 5:4, но Ѓоковиќ со три гема во серија го доби со 7:5. Интересно е што токму во првиот сет се случи една спорна ситуација. Во осмиот гем, Зверев беше на сервис, а линискиот судија оцени дека е аут. Веднаш потоа главниот судија се симна од столчето и само потврди дека било аут.

Тогаш се налути Зверев, кој инсистираше дека е сигурен дека топчето завршило во поле. Тогаш Ѓоковиќ реши од неколку агли да погледа дали топчето е во аут или не и Србинот самиот одлучи дека сервисот бил добар, иако двајцата судии досудија дека немало аут.

Фер плеј потегот на Србинот наиде на овации кај публиката во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести