Ѓоковиќ веќе не е осамен со гренслем рекорд, Надал му се приклучи со двојната круна во Мелбурн

Рафаел Надал одигра неверојатен меч во финалето на Австралија опен и по пет и пол часовна битка го победи Данил Медведев со 3:2, откако губеше со 0:2 во сетови.

Шпанецот сега е рекордер со 21 гренслем титула, пред Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со по 20, а се израмни и со српскиот ас, кој сега не е осамен во светот на машкиот тенис.

И двајцата имаат најмалку по две титули на сите четири гренслема, во Мелбурн на Австралија опен, во Лондон на Вимблдон, во Париз на Ролан Гарос и во Њујорк на САД опен.

Ѓоковиќ стаса до подвиг лани во Париз, кога по вторпат го освои Ролан Гарос, а има и 9 титули на Австралија опен, 6 на Вимблдон и три на САД опен.

Надал има сосема поинаков распоред на гренслем титулите, но секаде има најмалку по две како и Новак.

Шпанецот е апсолутен рекордер на Ролан Гарос со 13 победи, а има четири круни на САД опен и по две на Австралија опен и Вимблдон.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести