Историски меч: Рафа Надал е тениски крал, со страшен пресврт го освои рекордниот 21-ви гренслем

Историска победа во неверојатен меч од пет и пол часа во Мелбурн забележа Рафаел Надал, а пресвртот од 0:2 до 3:2 во сетови против Данил Медведев во финалето на Австтралија опен долго ќе се памети.

Шпанскиот тениски ас со страшен пресврт успеа да стане рекордер со 21 освоен гренслем, а титулата во Мелбурн му е втора по таа освоена во 2009 година.

Стартот му припадна на помладиот Медведев, кој почна агресивно и брзо го доби првиот сет со 6:2.

Потоа се играше тај-брејк во вториот сет,а при резултат од 5:3 во поени за Надал прекин направи човек што влета на терен од трибините.

Активист за човекови права истакна транспарент за поддршка на имигрантите во Австралија и го деконцентрира Надал, па Медведев со серија од 4:0 стаса до 7:5 во тај-брејкот и до предност од 2:0 во сетови.

Клучниот момент  во финалето се случи во третиот сет кога рускиот тенисер протпушти две брејк топки да поведе со 4:2 и да биде многу блиску до втората гренслем титула во кариерата.

Надал се разигра, успеа да израмни на 3:3, а потоа направи брејк и со 6:4 го доби третиот сет за намалување на 1:2.

Со идентичен резултат од 6:4 Шпанецот израмни на 2:2 во сетови и пак направи брејк на стартот од решавачкиот сет за 2:1 во гемови во исцрпувачка битка.

Медведев беше нервозен, реагираше и на однесувањето на публиката, но возврати и израмни, но пак го загуби сервисот и повторно беше во негатива.

Една од најголемите и највозбудливи тениски битки во финалињата на гренслем турнирите продолжи со атрактивни потези, иако се играше и петтиот час од финалето.

Медведев имаше шанса за рибрејк, но Надал уште еднаш покажа дека е велемајстор кога се крши резултатот.

Успеа да се одбрани и да поведе со 4:2 во финалето што во тие моменти влезе и во шесттиот час од играта.

https://twitter.com/eurosport/status/1487780394397224970?s=20&t=8FiI6_fbGV9Og6waisq5BA

Во следните две игри имаше неизвесност и пресврти како и во текот на целиот меч, но и двајцата тенисериси го одбранија сервисот со предност за Надал од 5:3 во гемови.

Медведев се бореше докрај, намали на 4:5, а потоа успеа и да ја доведе кулминацијата до врвот на возбудувањата и со брејк израмни на 5:5.

Сепак Надал е големиот тениски херој и победник на Отвореното првенство на Австралија, откако одговори со рибрејк за 6:5, а потоа лесно без загубен поен стаса и до 7:5 и до конечна победа од 3:2 во сетови.

Сега тој е прв на вечната листа со рекордни 21 гренслем титули, пред Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со по 20.

Надал ќе добие и чек од 2.875.000 долари, а за Медведев наградата изнесува 1.575.000 долари од кои ќе му бидат одбиени 12 илјади долари поради казната за инцидентот во полуфиналето против Циципас.

 

 

- Оглас -

Најнови вести