Ѓоковиќ во Токио ќе го сруши рекордот на Мартина Навратилова

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ја започна 330 недела како е на врвот на АТП листата. Со победата на Вимблдон, популарниот Ноле ги сочува бодовите и моментно е лидер со 12.113 бодови. Далеку зад него се Данил Медведев со 10.370 бодови, Рафаел Надал со 8.270 и Стефанос Циципас со 8.030 бодови. Во Топ 10 на АТП листата се уште и Зверев, Тим, Рубљов, Беретини, Федерер и Шаповалов.

Во машка конкуренција, Новак е рекордер по бројот на недели поминати на врвот, а му недостасуваат само уште две недели за да го достигне рекордот на легендарната Мартина Навратилова која има 332 недели поминато како прва на ВТА листата. Србинот ќе ја стигне Навратилова додека е на Олимпискиот турнир во Токио.

Неприкосновена светска рекордерка по бројот на недели поминати на врвот на ВТА листата е Штефи Граф која има 377 недели на првото место.

 

- Оглас -

Најнови вести