Ѓоковиќ за час и пол стигна до четврт-финалето во Синсинати

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ноќеска го совлада Пабло Карено Буста со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) за пласман во четврт-финалето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати. На српскиот тенисер му беа потребни 90 минути за да запише трета победа против Шпанецот во исто толку меѓусебни дуели и да се најде во топ 8 фазата.

По еден брејк во двата сета беа доволни за Ѓоковиќ да направи исчекор кон водство, а потоа и кон посакуваниот триумф, па така си закажа пресметка против Французинот Лукас Пуил, кој претходно беше подобар од Карен Хачанов со 2-1 во сетови (6-7, 6-4, 6-2).

Во женска конкуренција, шампионката од Вимблдон Симона Халеп претрпе елиминација од Американката Медисон Кијс со 2-1 во сетови (6-1,  3-6, 7-5). Елина Свитолина исто така го заврши настапот во Синсинати во осминафиналето, по поразот од Софија Кенин со 2-0 во сетови (6-3, 7-6).

- Оглас -

Најнови вести