Ѓоковиќ закажа нов анталогиски меч против Федерер

Новак Ѓоковиќ продолжува со одбрана на титулата во Австралија. Србинот се пласираше во полуфиналето на Гренд слем турнирот во Мелбурн откако со 3:0 во сетови го победи Милош Раониќ. Следен предизвик за Ѓоковиќ ќе биде дербито против Роџер Федерер.

Иако Федерер победи со 3:0, Раониќ даде голем отпор, па мечот траеше безмалку три часа. Во првиот сет беше 4:4, Ноле го зеде својот сервис, а потоа во неверојатно долг гејм ја искористи четвртата сет топка за 6:4. И во вториот сет Раониќ еднаш го загуби својот сервис и тоа беше доволно за Новак да го слави со 6:3.

Третиот сет беше најнеизвесен и мораше да се игра тај-брејк, а таму Ѓоковиќ ја покажа целата сила и победи со 7:1 за славење и влез во полуфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести