Ѓоковиќ жестоко се скара со судијата, следуваше прекин на мечот со Фриц (Видео)

Дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц на Мастерсот во Рим е прекинат при 1-0 во сетови за Србинот и 5-5 во вториот сет поради врнежи од дожд. Новак и Тејлор десетина гејма играа со ситен дожд, а кога при 5-4 Ѓоковиќ сервираше за победа, ги загуби нервите, викаше по судијата и го загуби и гејмот, по што судијата ја прекина средбата и теренот беше покриен.

„Колку сакаш да играме? Гледаш ли дека нема услови? Трипати побарав да го провериш теренот и ништо“, викаше светскиот рекет број 1, а судијата му врати дека тоа не е вистина и дека Ѓоковиќ ниту еднаш не побарал прекин поради лоши услови.

- Оглас -

Најнови вести