Погодок на денот – Базоер се лизна, голманот си преспа еврогол во Арнхем (Видео)

Ришедли Базоер, стоперот на Витезе го постигна најубавиот погодок денеска, а неговиот еврогол во последните моменти од првото полувреме во победата против Утрехт со 2:1 беше малку и чуден.

Базоер од огромна далечина откосо упати удар и притоа се лизна, а топката во висок лак го изненади голманот на гостите и заврши зад неговиот грб.

Vitesse [2]-0 FC Utrecht: Riechedly Bazoer 45+2′ (Great goal) from soccer

Базоер ја игра третата сезона за Витезе, ова му е деветти гол вкупно за сегашниот тим, а таму пристигна токму од редовите на денешниот ривал, Утрехт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести