Победнички гол на Фирмино, на Ливерпул му оди фино со Тотенхем (Видео)

Ливерпул продолжува незапирливо да гази во Премиерлигата, а вечерва со голот на Роберто Фирмино петти пат по ред успеа да го победи Тотенхем, во меч што беше реприза од големото финале во Лигата на шампионите.

Одличната акција во 37. минута и асистенцијата од Мохамед Салах мајсторски ја искористи Роберто Фирмино и го постигна единствениот гол на мечот.

https://twitter.com/LfcOkx/status/1216059696462909441?s=20

Ливерпул беше подобар во првото полувреме, а веднаш на стартот од мечот во првата минута Окслејд-Чембрлен ја погоди стативата.

Тотенхем одигра многу подобро во продолжението од мечот, имаше одлични шанси преку Сон, Ло Селсо и Ериксен да израмни, но не успеа.

Ливерпул просдолжува на блескав начин да гази во Премиерлигата и се уште нема пораз на 21 меч. Ова им е 20. победа, а имаат само едно реми и се лидери со 61 бод, 16 повеќе од Лестер и 17 од Манчестер сити.

Тотенхем падна на седмата позиција со 30 бодови.

- Оглас -

Најнови вести