Гол постигнат „од паркинг“ веќе конкурира за погодок на сезоната (Видео)

Вест Бромвич Албион победи со 2:1 на гостувањето кај Нотингем форест, во меч од првото коло на англиската Чемпионшип. Сите три гола беа постигнати во првите пола час игра, а погодокот со кој гостите стигнаа до трите бода беше вистинско ремик дело.

Нотингем уште од 8 минута поведе со 1:0, но за многу брзо време гостите направија пресврт. Едвардс израмни во 15 минута, а потоа, во 26 минута следуваше евроголот на Филипс за 2:1. До крајот на мечот немаше погодоци, па тој погодок постигнат речиси од аут линијата се покажа и како решавачки.

 

- Оглас -

Најнови вести