Гол за паметење даде млад фудбалер на Болоња, ова не беше видено 35 години

Болоња и Џенова одиграа 2-2 во интересен меч од Серија А на кој последните 25 минути во гостинскиот тим ги одигра Горан Пандев. Кога се чинеше дека дуелот ќе заврши 1-1, беше досуден пенал за Болоња, а Арнаутовиќ даде гол од белата точка во таа 85-та минута. Сепак, само две минути подоцна, судијата им додели пенал и на гостите. Кришито беше реализатор, па мечот финишираше со нерешени 2-2.

Првиот гол за Болоња го постигна 19-годишниот Арон Хики. Тој стана најмлад стрелец во Серија А сезонава, и што е уште позначајно, стана прв Шкотланѓанец кој дал гол во Серија А во последните 35 години. Пред него, последен шкотски стрелец во италијанското првенство бил легендата Греем Сунес во јануари 1986 година.

- Оглас -

Најнови вести