Голчиште од слободен удар на Хакими против Габон, двата тима одат во следната фаза (Видео)

Вечерва на Африканскиот куп на нации се одиграа два многу интересни и ефикасни мечеви. Мароко и Габон одиграа 2-2, а тоа е резултат кој ги однесе двата тима во следната фаза.

Мароко првото место во групата го обезбеди со гол од слободен удар на ѕвездата на ПСЖ, Ашраф Хакими, во 84-та минута. Габон за првпат после 2012 ќе игра во втората фаза на африканското првенство.

Во истата група, Коморите ја шокираа Гана со 3-2. Гана од 25-та минута играше со човек помалку, откако црвен картон доби искусниот Андре Ају. Сепак, тимот од Коморските острови дури во 85-та минута погоди за 3-2, и испиша историска прва победа на популарниот АФКОН.

На оваа средба стрелци на две различни страни беа Бен и Боачи, двајца фудбалери кои минатата сезона беа заедно во белградска Црвена ѕвезда.

Погледнете го прекрасниот гол на мароканскиот бек Хакими:

- Оглас -

Најнови вести