Голден стејт даде рекордни 55 поени во првата четвртина и влезе во плејофот, Лејкерс ќе игра плејин (Видео)

Регуларната сезона во НБА-лигата е завршена, познати се паровите за првото коло од плејофот, како и оние од дополнителниот плејин.

На Западот, Денвер нагетс ќе игра против осмиот носител, а тој ќе се одреди преку плејин-разигрувањето (победникот од Оклахома – Њу Орлеанс или поразениот од ЛА лејкерс – Минесота). Мемфис го чека подобриот од плејин битката ЛА лејкерс – Минесота, ќе има соседско калифорниско дерби Сакраменто – Голден стејт, а четвртиот пар е Феникс – ЛА клиперс, што значи дуели на Кевин Дурант против некогашниот соиграч Расел Вестбрук.

На Истокот, сигурни двојки се Кливленд – Њујорк и Филаделфија – Бруклин. Милвоки ќе игра со победникот од Чикаго – Торонто или поразениот од Мајами – Атланта, додека Бостон ќе игра со подобриот од плејин-битката Мајами – Атланта.

Плејин-мечевите се играат на 11, 12 и 14 април, а плејофот стартува на 15 април.

Последната вечер од регуларната сезона мина во знакот на тепачката на клупата на Минесота, во која централна фигура беше Руди Гобер и напаѓачката експлозија на Голден стејт вориорс, кој против Портланд даде 157 поени, од кои дури 55 во првата четвртина и тоа е НБА-рекорд по број на поени во првите 12 минути од еден меч.

- Оглас -

Најнови вести