Голден стејт е во шампионски налет

Голден Стејт вориорс беше подобар од Бостон селтикс во најинтересниот синоќешен меч во НБА лигата, што за актуелниот првак е десетта победа по ред. На мечот имаше 14 изедначувања и 21 промени на водството, па финишот беше интересен, а славеа гостите, додека за Селтикс заврши низата од пет триуфми едноподруго.

При 113-111, Бостон имаше обид за тројка, но Маркус Морис не погоди, па после направениот фаул над Стеф Кари, бекот погоди две слободни и дефинитивно го одлучи победникот. Дурант имаше 33 поени, Кари 24, а Томпсон 21. Придонес даде и Казинс, особено во одбраната против Ал Хорфорд.

Никола Јокиќ се врати по суспензијата од еден меч, и го направи својот седми трипл-дабл сезонава. Србинот со 32 поени, 18 скока и 10 асистенции го предводеше Денвер до победа над Филаделфија. Нагетс во првото полувреме даде 77 поени, што е нивен сезонски рекорд. За Мемфис заврши црната серија од осум средби без победа. Од Божиќ наваму, „гризлите“ имаа само една победа на 15 меча.

РЕЗУЛТАТИ: Њу Орлеанс – Сан Антонио 114:126, Мемфис – Индијана 106:103, Бостон – Голден стејт 111:115, Денвер – Филаделфија 126:110, Портланд – Атланта 120:111.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести