Голден стејт и натаму не може да смета на Дурант

Според последните информации од клубот, Кевин Дурант нема да се појави на паркетот ниту во вториот дуел од финалната Западна серија против Портланд трејлблејзерс. Крилниот кошаркар на Воините го повреди листот од левата нога во текот на петтата средба против Хјустон рокитс во претходната плејоф-рунда.

Иако беше најавено дека за конференциското финале ќе биде подготвен, Дурант сепак нема да биде на располагање кај Стив Кер ниту ноќеска. Популарниот Дурантула несомнено е најдобар играч на Голден стејт во овие разигрувања. Пред повредата, одржуваше просек од 34,2 поени, 5,2 скока и 4,9 асистенции по натпревар.

Актуелните владетели на НБА-лигата во првиот меч против Портланд беа убеливи, а ги предводеа браќата Сплеш, односно Стеф Кари и Клеј Томпсон. Втората средба, која исто така ќе се игра во Оукленд, е закажана за ноќта меѓу четврток и петок, со почеток од 03 часот по полноќ.

- Оглас -

Најнови вести