Фантастично прво полувреме играат фудбалерите на Атлетико и Реал во големото мадридско дерби. Оние кои го следат мечот имаа можност да видат три погодоци и предност на домашната екипа после првите 45 минути игра на “Ванда Метрополитано“.
Атлетико многу брзо, после само 20-тина минути игра дојде до убедливи 2-0. Алваро Мората уште во четвртата минута донесе предност од 1-0 за домашните.
Антоан Гризман во 18-тата минута носи голема предност од 2-0 за Атлетико Мадрид, и вторпат со удар со глава се тресе мрежата на Кепа Аризабалага.
Во 35-тата минута Реал Мадрид успева да намали и резултатиски да се врати во мечот со погодокот од дистанца на Тони Крос.