Голеади се очекуваат во Брисел и во Париз, а и во Осјек

6104 Белгија – Холандија (20:45ч)

Во белгиската метропола ќе се игра можеби најинтересното од трите дербија во Лигата на нациите, каде што Црвените ѓаволи ќе се обидат да продолжат со низата без пораз на пет меча.

Се очекуваат голови на двете страни, особено ако се знае дека двете селекции играат напаѓачки фудбал. По елиминацијата од Чешката на ланското ЕП, Лалињата фатија залет и победија во шест од последните девет меча, меѓу нив има и три нерешени резултати.

Првпат од Мундијалот во 1998 година овие селекции ќе се сретнат во меч од натпреварувачки карактер, а последен пат ги одмерија силите пред речиси четири години во пријателското реми од 1-1.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.06)

 

6105 Хрватска – Австрија (20:45ч)

Ретки се приликите кога овие две селекции наидуваат на меѓусебен дуел. Поминаа 12 години од последната средба која заврши во корист на Коцкастите со 1-0, односно актуелниост светски вицепрвак има максимални пет победи во исто толку меча против Австрија.

И сега составот на Златко Далиќ е фаворит, но наместо да бркаме конечен исход, најдобро е во Осјек да се очекуваат полни мрежи во двете полувремиња.

Хрватска е во далеку подобра форма со шест победи и три ремија во последните девет натпревари, Австријците само двапати славеа во последните пет меча.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.95)

 

6106 Франција – Данска (20:45ч)

Триколорите уште на самиот старт ќе сакаат да ја преземат контролата во групата 1 од сегментот А, каде што уште се Хрватска и Австрија. Затоа се типува триумф на Франција која ги доби четири од последните пет меѓусебни средби против Данска, иако сите се пријателски дуели, додека ремито без голови беше дел од квалификациите за Мундијалот во Катар.

Иако цели две децении немало повеќе од два гола во меѓусебен меч на овие две селекции, вечерва во Париз ќе се покаже напаѓачкиот раскош пред сè на домаќините, но и Данците нема да се предадат без борба.

Предлог тип: 1 & 2-6 (2.06)

 

6798 Чешка У21 – Англија У21 (18ч)

Младите англиски фудбалери ќе се обидат да го преземат врвот во квалификациската група Г токму од Чешка, која има три бода повеќе, но и два натпревари повеќе во однос на денешниот ривал.

Евентуален триумф на гостите ќе значи и чекор поблиску до пласман на младинското ЕП. Инаку, во првата меѓусебна средба Англија славеше со 3-1, а според учинокот ова се двете најефикасни селекции и затоа се очекуваат најмалку три гола на мечот.

Предлог тип: 3-5 гола (1.94)

 

7001 Каспер Руд – Марин Чилиќ (17:30ч)

Настап во полуфиналето на Ролан Гарос е најголем успех и за двајцата тенисери, но за еден авантурата ќе заврши денес. Влогот е голем, победникот ќе се бори за гренслем-титула, па затоа се очекува Руд и Чилиќ да приредат маратон во кој ќе се одиграат над 38 гема.

Руд ги доби двата меѓусебни дуели против Чилиќ, во Рим во 2020 година славеше по два сета, додека лани во Торино Норвежанецот беше подобар со 2-1 во сетови.

Предлог тип: >38,5 гемови (1.90)

- Оглас -

Најнови вести