Голем е Федерер, имаше уште поголема среќа: Не заслужив да победам, само чудо ме спаси од пораз (Видео)

„Не заслужив да победам, но сè уште сум тука и очигледно сум многу среќен. Очигледно е дека имав многу среќа, но го издржав притисокот на турнирот на којшто ми се случуваат неверојатни работи“, вели Роџер Федерер по победата од 3:2 во сетови против Тенис Сандгрен.

Федерер спаси дури 7 меч-топки, а против себе имаше неверојатно добар и мотивиран противник, па вторпат на ова издание на Отвореното првенство на Австралија успеа да се врати од работ на амбисот и да победи.

Две рунди претходно беше речиси елиминиран во дуелот со Џон Милман, губеше со 4:8 во поени во продолжениот тај-брејк во петтиот сет што се игра до 10 поени, но успеа да освои шест поени по ред и да победи со 3:2.

Денеска повторно играше маестрално во моменти кога веќе сите го прежалија, па најпрво спаси три меч-топки против Сандгрен, а потоа уште четири во тај-брејкот од четвртиот сет, а потоа израмни на 2:2 и го доби решавачкиот сет со 6:3 за пласман во полуфиналето.

Таму го чека дуел со Новак Ѓоковиќ или Милош Раониќ, а победникот ќе се знае за неколку часа. Тој меч почна во 9.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести