Дефанзивецот на Зенит, Дејан Ловрен, го понуди својот хотел на островот Паг како место во кое 16 најзагрозени семејства од земјотресот во Петриња би можеле привремено да се преселат и да имаат кров над глава.
Земјотресот од 6,2 степени по Ристеровата скала ја погоди Хрватска, а најмногу настрада градот Петриња, кој беше во близина на епицентарот. Многу спортисти се јавија со поддршка, а Ловрен презеде и конкретен чекор. Тој на „Инстаграм“ напиша дека на 16 најзагрозени семејства им го става на располагање хотелот во Новаља и предност имаат фамилии со деца.
Веднаш по веста за земјотресот во која има и најмалку седуммина загинати, Ловрен побара од хрватските власти веднаш да ги укинат пропусниците за движење од една во друга жупанија.
И Матео Ковачиќ понуди помош преку својата фондација.