Лука Дончиќ ја игра втората сезона во НБА лигата и покажува дека е еден од оние играчи кои ќе блеска во следните десетина години. Младиот словенечки кошаркар од Љубљана замина во Мадрид, а откако со Реал стана европски клупски првак, а со Словенија стигна на континенталниот трон на репрезентативно ниво, Дончиќ направи трансфер во НБА лигата.
Лука стана вистинска НБА атракција, а Американците посебно се интересираат за сѐ што е поврзано со него. Дончиќ откри кои песни се на неговата плеј-листа кои ги слуша пред да започне мечот. Меѓу омилените песни на Дончиќ е хитот на Тоше Проески, „Чија си“, што е само уште еден доказ дека балканската музичка легенда живее вечно.