Голем кикс на Аталанта, ЛШ сега е (не)возможна мисија (Видео)

Екипата на Аталанта доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Салернитана од 1-0 и само си ги намали шансите за пласман во Лигата на шампионите.

“Сино-црните“ како големи фаворити влегоа во овој натпревар, но тоа не го покажаа на теренот. Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Антонио Кандрева во третата минута од судиското надополнување на регуларните 90 минути.

Аталанта останува на делба на шесттата позиција на табелата со 48 бодови, колку што има Рома. Четвртото место кое води во Лигата на шампионите сега е оддалечено пет поени.

- Оглас -

Најнови вести