Голем кикс на голманот на Интер – Му се лизна топката од раце на Хандановиќ, Белоти си искористи (Видео)
Несвојствена грешка за „единицата“ на Интер, што ја искористи најдобриот стрелец на Торино.

Самир Хандановиќ направи голем кикс во 17-тата минута и не успеа да прифати чиста топка по корнерот на Торино, го испушти фудбалот од раце, а искористи Андреа Белоти.
Шпицот на Торино го имаше полесниот дел од работата и од два метра ја погоди празната мрежа на Интер и го казни големиот кикс на голманот на домаќините.
Inter 0-1 Torino (Belotti) scores after being gifted a goal by Handanovic pic.twitter.com/mYgQomFCxt
— InterCoppaItaliaVids (@CoppaVids) July 13, 2020
Со тој погодок, 15-ти по ред сезонава во Серија А за Белоти, Торино води со 1:0 по првото полувреме на „Џузепе Меаца“.
Интер мора да победи ако сака да ги задржи шансите во трката за Скудетото, додека гостите бараат бодови за спас и опстанок во Серија А.