Голем потег на „малиот“ Валјадолид, ќе им враќа пари на навивачите со сезонски билети

Шпанскиот прволигаш Валјадолид објави дека ќе им врати пари на сопствениците на сезонски билети, а колку пари ќе им враќа, ќе зависи од тоа колку натпревари тимот ќе треба да игра без публика на трибините.

Бразилската легенда Роналдо, кој е претседател на клубот, реши да повлече нога и Валјадолид да стане првиот клуб кој пропорционално ќе им враќа пари на оштетените фанови кои платиле за мечеви кои нема да може да ги гледаат во живо на стадионот „Хосе Зорилја“.

Валјадолид објави соопштение со кое информираше за одлуката за компензирање на верните фанови,и привлече многу симпатии. Без разлика дали сезонава ќе се игра фудбал или не, трибините на „Зорилја“ ќе мора да бидат празни. Тие навивачи кои нема да си ги земат парите, може да ја одберат опцијата клубот да им даде попуст за следната сезона во висина од сумата која им пропадна сезонава.

Од Валјадолид објавија и дека не го разбираат играњето фудбал без публика, но ќе ги почитуваат сите протоколи и здравјето на спортистите го ставаат на прво место.

- Оглас -

Најнови вести